March 29, 2024, 12:19 pm

МАСОВНА ГРОБНИЦА ВО ДВОРОТ НА АХМЕТИ: Масовна гробница пронајдена во дворот на куќата на Али Ахмети во Зајас!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во дворот на куќата на семејството на лидерот на ДУИ Али Ахмети во село Зајас, пронајдени се човечки черепи и коски од екстремитети за кои се претпставува дека се од масовна гробница од 1913 година.

koski

Коските се пронајдени во ексхумацијата на гробницата што започнала вчера. На местото на настанот денеска излегле и преставници од Јавното обвинителство од Гостивар кои извршиле увид. Се очекува да почне истрагата за расветлување на случајот.

Кординаторот на тимот за ексхумација Мусли Муслиу денеска изјави дека се претпоставува оти остатоците се од 1913 година, а дека телата првично биле запалени па потоа затрупани во стар напуштен бунар. Тој исто така посочи оти луѓето кои се во масовната гробница претежно се жители од тој крај, и според првичните сознанија најверојатно станува збор за 10 до 60 луѓе.

Муслиу меѓу другото информира дека уште од 2013 година почнала истрагата за постоење на евентуални масовни гробници во овој регион.

Детали за ексхумацијата се очекува да соопшти Јавното обвинителство во Гостивар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This