МАСОВНА ПОДДРШКА ЗА ВМРО-ДПМНЕ: Љубанци со масовна поддршка за Дарко Костовски и ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како и кандидатот за градоначалник на општина Бутел Дарко Костовски во пресрет на вториот круг од локалните избори кој ќе се одржи на 29 октомври вечерва беа во посета на населеното место Љубанци.

Пред масовниот митинг пред жителите на ова населено место Костовски потенцираше дека соживот се гради со храброст, не со лицемерие, соживот не се гради потценујќи го своето, соживот не се гради тргувајќи со своите национални интереси.

-Исправени сме пред голем и историски предизвик, Бутел е се што имаме, Македонија е се што имаме, но моите деца сакам да растат во нормална општина каде што ќе нема уценети градоначалници и криминални банди. Кандидато од СДСМ кој си ја продаде својата таткова куќа во Бутел 2 е уценете кандидат кој најпрво треба да враќа се она што непринципиелно го ветил, а потоа да мисли за бутелчани. Додека мојот приоритет сте вие и вие тоа многу добро го знаете, истакна Костовски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пак истакна дека во очи празникот,23 Октомври, ден на македонската револуционерна борба, денот на создавањето на ВМРО, денот од кој гледаме дека СДСМ се плаши и се срами и бега од него.

-СДСМ не дава никакви проекти, немаат никаква програма, затоа зборуваат за воздух, ветер и магла. Видоа дека не можат да се мерат со нас и удрија на криминални измами. Во првиот круг видовме како СДСМ организира избори, страв и притисоци на сите страни. Во Македонија се спроведоа африкански избори. Скршен череп на градоначалник и кандидат за градоначалник, убиен носител на советничка листа, искршени канцеларии на наши штабови, следени кандидати за градоначалници, бугарски возови со секоја општина, недостаток на гласачки ливчиња. Најмногу видовме масовен поткуп со многу пари. Според информациите кои ги имаме истурени се 20 милиони евра црни пари во Македонија на овие избори. Од каде се тие пари, кој има интерес да даде толку пари за СДСМ да излезе победник иако се знаеше и беше јасно дека фаворитот е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата? Кој има интерес? Тие пари сигурно не ги дале СДСМ и Заев, ги дал некој друг, некој кој има државен интерес да му помогне на Заев за да го реализира неговото сценарио, неговото редефинирање на Македонија кое го најави, нагласи Груевски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This