March 29, 2024, 12:57 am

МАСОВНА СЕЧА НА ШУМАТА ВО ЈАНКОВЕЦ: Јанковчани предупредуваат дека се спрема масовна сеча на шумата во Јанковец!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на ресенското село Јанковец, алармираат дека се подготвува масовна сеча на високо квалитетна шума , што се наоѓа на црковен имот околу манастирот ,,Успение на Пресвета Богородица“. Ваков обид постоел и минатата година, но тогаш јанковчани самоиницијативно организирани , го спречија соголувањето на планината, објави „Ако.мк“.

Митрополитот на Преспанско-Пелагониската епархија, владиката Петар, тогаш објаснуваше дека се работи за црковен имот, па со тоа црквата има владение и врз шумското богатство. Тој тврдеше дека дрвјата ќе се сечат за потребите на манастирот.

,,Успение на Пресвета Богородица“ е граден пред 18 век, но нема податоци точно која година . Таа шума своевремено била имот на РМ, подоцна станала имот на црквата. Станува збор за површина од 80 хектари стара дабова шума, а се наоѓа на сртот на селото. Првите куќи се оддалечени едвај десетина метри.

Во два поранешни обиди жителите на Јанковец, но и на целиот ресенски крај, го спречија владиката Петар, да ја оствари својата намера, дополнително што тој немаше изготвено елаборат, како што налага законот. Сега, некој професор од Шумарски факултет го направил потребниот елаборат и според сознанија на жителите, потписот за сеча на шумите веќе е ставен.

Јанковчани повторно алармираат:

,,Во услови кога немаме медиум и нема начин како да ви се обратиме и да ја побараме вашата подршка. Еве преку ФБ, исто како своевремено кога преку брановите на Радио Ресен ве повикувавме да се ” дигне старо и младо” за да го гаси ,,пожарот“ во манастирската шума над “Св. Пресвета Богородица” во Јанковец.

Почитувани!
Една стара поговорка велеше: ” Ако Ресен изгори, Јанкоштани ќе го изградат. Сега Јанковец бара помош и подршка од Вас.
Почитувани!
Шумата повторно е доведена во опасност. Некој решил да ја сече комплетно, заради финансиски интереси, притоа не водејќи сметка ниту за опасноста од климатски промени ( на кои и тоа како сме изложени и со шумата), на поплави и лизгање на земјиштето. Некој решил да си игра мајтап со нашите домови и да ги изложува на ризик. Некој решил со тешки товарни возила и спуст на дрва од манастирот да ја наруши статиката на куќите, да ги изора улиците кои се направени со наши пари. Црквата зема, ама не дава. Ние сме подготвени по секоја цена да ја браниме шумата, која колку е наша, толку е ваша. Иако титуларот на сопственоста гласи на МПЦ, тоа на МПЦ и го дала оваа држава и овој народ.

Ја повикуваме уште еднаш Преспанско-Пелагониската епархија уште еднаш да си го преиспита мислењето, за да го избегнат гневот на јавноста.

Од вечерва се започна со револуцијата, од вечерва се започнува со иницијативата еднаш за секогаш да се спаси манастирската шума.

Драги Јанкоштани и Јанкоштанки пред нецела година дојде глас дека се има намера да се исече шумата над нашата светост Манастирот Богородица- Јанковец.

Пред нецела година бевме одлучни, сплотени и кажавме едно големо НЕ!!
Оваа 2018 не затекна лошата вест дека повторно е активиран планот за сечење на шумите.

Овојпат, еднаш за секогаш ќе го решиме овој проблем и ќе бидеме мирни. Да ги заштитиме нашите домови од опасноста која доаѓа од масовната сеча која се планира.
Издадена е петиција која мора да потпишиме сите.

Членови од инцијативниот одбор ќе поминат во сите домови за да се потпишете и еднаш засекогаш да си ја одбраниме шумата“-се вели во соопштението и прогласот до јавноста од иницијативниот одбор.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This