МАСОВНА ТЕПАЧКА И ПРЕСТРЕЛКА ВО ДРАЧЕВО: Младо момче е застрелано

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дваесет и четири годишно момче е повредено во престрелка меѓу две групи која попладнево се случила во скопско Драчево.

Според информациите во инцодентот учествувале повеќе лица кои започнале тепачка кај поштата во Драчево користејќи ножеви и огнено оружје. По тепачката учесницоте со два автомобили марка Фолксваген и Хјундаи побегнале од местото.

Неофицијално според извори од МВР се сомничат две лица, извесен Г.Н од Скопје и лице чии иницијали почнуваат со Љ кои се превезувале во Фолксвагенот. Автомобилот полицијата го пронашла во населбата Драчево а по лицата и другиот автомобил се уште се трага.

Повредениот Д.Т. е префрлен во болница но нема информации за неговата состојба.

Од МВР  официјално го потврдуваат случајот но велат дека повеќе детали ќе соопштат по завршувањето на увидот.

Драчево неколку часа беше блокирано од возила на полиција и Брза Помош.

Иако од полицијата не сакаат да изнесуваат детали очевидци велат дека повредениот и напаѓачите се од македонска националност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This