МАСОВНА ХУМАНА АКЦИЈА: Патриотските здруженија се мобилизираат да му помогнат на семејството на бранителот Јовица Трајковски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога се работи за хуманост и емпатија со нечија животна потешкотија не треба да постојат бариери кои ќе ги делат луѓето по било каква основа. Таков е и случајот со потребата за хуманитарна акција за семејството на бранителот од 2001 и војник Јовица Трајковски

semejstvo

Македонските патриотски здруженија на Пере Тошев (Прилеп), Андон Ќосето (Велес) и Тодор Александорв (Битола) ќе учествуваат во акцијата за да собереме што е можно повеќе финансиски средства за ова семејство.

Организаторот на акцијата Јане Ченто најави и дека за оваа цел ќе бидат посетени и директорите на различните институции, кои ќе бидат „убаво замолени“ да дадат доброволен прилог.  Потоа и граѓаните кои ќе сакаат да донираат.

Ченто вели дека повеќе вакви работи не смеат да се случуваат, а воедно испрати и апел до Министерството за Труд и Социјална политика, Агенцијата за вработување да изнајдат начин и да му помогнат на семејството.

Со оваа сторија, само се потврдува и потребата од најавената кадровска смена во третиот ешалон, но и повисоко!

Поразителен е фактот што оние кои се најповикани да помогнат, не се ни заинтересирале. И покрај обидите на државата да помогне, помошта била укината благодарение на техничката министерка Ременски. Цел на критка е и незаинтересираноста на МПЦ, но и на локалните власти кои не се заинтересирале да му помогнат на ова семејство!

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This