МАСОВНО И ВО КУМАНОВО: Протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Куманово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мирно заврши маршот што го организираше денеска граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Куманово.
kumanovo-protest-1

Граѓани масовно се приклучија на маршот од пред Соколанскиот парк, а се движеа низ централните градски улици, пеејќи македонски патриотски песни. Побараа да не се воведува двојазичност и да се зачува унитарниот карактер на државата. Протестот финишира пред плоштадот кај Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

– Овде сме да ја одбраниме Македонија, таква каква што ни ја оставија нашите претци. Не се работи за политичка партија, за функции, туку за нешто големо. Се работи за нашата татковина – Македонија, рече Миомир Панковски од иницијативата и изрази јавна благодарност до претседателот на државата Иванов за донесената одлука да не и го довери мандатот за формирање влада на СДСМ.

Според него, не ни требаат олеснувачи, преговарачи кои не ја осудија платформата донесена постизборно, а граѓани од други етнички заедници како Србите, Бошњаците, Ромите се приклучуваат кон иницијативата.

– Не сме против Албанците, туку за соживот на сите кои живеат во Македонија. Доста е со сите манипулирања во овие изминати две години, а круна на сето тоа е платформата што се појави по изборите, потенцира Панковски.

Македонците додаде, бараат унитарна, мултиетничка, мултикултурна и суверена независна Македонија во која сите заедно ќе живеат. Апелира граѓаните да излезат и да се придружат во одбраната на Македонија, оти друга држава, како што нагласи, немаме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This