МАСОНИТЕ СЕ ИСКАРАА ПОРАДИ КОСОВО: Големата ложа на Англија ги суспеднираше односите со Албанската голема ложа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косово посеа семе на раздорот и помеѓу слободните ѕидари. Имено, Обединетата голема масонска ложа на Англија пред три дена ги суспендираше односите со Голема Албанија, бидејќи под нејзин авторитет на Косово е формирани неколку масонски ложи

Првата ја основа големиот мајстор на Албанија во 2014. година, и тој потег останатите голем ложи од овие простори го окарактеризираа како неовластен, но и како инвазија на територијата која потпадна под масонската сфера на регуларната голема ложа на Србија, пишува „Новости“.

По тој повод, на состанокот на европските големи мајстори во Белград, во јуни 2015. постигнат е договор кој го потпиша големиот мајстор на Албанија, а кој помеѓу останатото предвидува ложата на Косово да „потпадне“ под албанската. Исто така, договорено е да почне дискусија со големиот мајстор на Србија во врска со идниот развој на масонеријата на Косово. Од поптишувањето на тој договор, меѓутоа, Албанија „асистираше“ во основање уште две ложи на Косово.

Поради ова, Обединетата голема масонка ложа на Англија, со која раководи војводата од Кент, ги суспендираше односите со Големата ложа на Албанија додека ситуацијата не се истражи.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This