МАСТЕРХАЗИ: Го заслуживте местото во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го заслуживте вашето место со определбата и активната посветеност на постигнувањето на евроатланската безбедност. Покажавте дека вашата земја е подготвена и спремна да ги прифати обврските на сојузникот НАТО, истакна в.д. претседателот на ПС НАТО, Атила Местерхази, по изгласувањето на Законот за Ратификација на Северноатланскиот совет.

Нашето Собрание беше шампион на отворена врата на НАТО, кое дозволи и ја даде својата полна поддршка за пристапување на Република Македонија во НАТО Алијансата. Едниот соработник се уште треба да ја помине ратификацијата, но ние ја почитуваме независната одлука на самостојниот парламент, но денеска ние гласаме иако имаме уште еден чекор да се заврши пристапот, рече Местерхази.

Според претставникот на НАТО, патот на земјата кон НАТО не бил секогаш лесен.

Ни требаше големо трпение и политичка храброст за да се надминат историските разлики со вашиот сосед. Меѓутоа сите напори се исплатеа. Вие навистина го заслуживте вашето место со вашата определба и активна посветеност на постигнувањето на евроатланската безбедност. Вие веќе покажавте дека вашата земја е подготвена и спремна да ги прифати обврските на сојузникот НАТО, рече Местерхази.

Како членка на НАТО, додаде тој, вашата безбедност ќе биде и наша безбедност.

Вашите 29 пријатели и соработници ќе ви помогнат да ви се обезбеди и да одговорат на вашите барања независно од тоа што се бара. Оваа поврзаност и оваа Алијанса кон која се приближувате е единствена, не е само военополитичка организација туку тоа е исто така Алијанса на демократија која што им служи на добросостојбата на граѓаните и на безбедноста, рече в.д. претседателот на ПС НАТО, Атила Местерхази.

Нашата порака, според него, ќе испрати една многу важна порака во регионот.

Местерхази беше официјален претставник на НАТО на свечената собраниска седница по повод Ратификацијата на протоколот за НАТО, по која и официјално знамето на НАТО беше ставено на јарболот пред собраниската зграда. Законот за ратификација е со одложено дејство, бидејќи протоколот за НАТО треба да го ратификува уште Шпанија, по што се очекува Македонија да стане 30-та членка на НАТО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This