April 24, 2024, 11:01 pm

Матичните лекapи на протecт пpoтив Филипче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Матичните лекари се спремаат да излезат на протест поради игнорантскиот од страна на здравствените власти од почетокот на пандемијата со корона вирусот, пишува Курир.

– Протестираме поради игнорантскиот однос и никаква поддршка од прв ден на епидемијата до денеска, ниту заштитна опрема, ниту дезинфициенси, ниту денар помош. Бараме итна помош во заштитна опрема и дезинфициенси. Бараме право да упатуваме на тестирање по наша проценка.

Бараме да има член претставник од матичните лекари во Комисијата за заразни болести. Бараме стопирање на било какви “реформи” најавени за од први јули, невиден преседан среде пандемија. Исто така, протестираме поради срамните изјави дека не сме дел од јавно здравствениот систем.

Повеќе од 80 проценти од инфицираните со Сарс-Kов-2 се менаџирани од матичните лекари! Секојдневната работа со која бевме натрупани и претходно е башка и е паралелна – вели доктор Ненад Лазаров, кој го најави протестот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This