Матурантка аплицирала на 115 факултети, ја примиле на сите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ученичката Антониет Лав од Њу Орлеанс беше примена на 115 факултети и универзитети. Таа била примена во секој универзитет каде што аплицирала и ѝ биле понудени стипендии во вкупен износ од 3,7 милиони долари.

Родителите ја добиле Антониет додека биле тинејџери, а таа има уште четири браќа и сестри околу кои им помага на родителите. Освен тоа, таа е најдобриот ученик на генерацијата.

-Почнав да аплицирам во септември. Продолжив да аплицирам сè до моментот кога видов дека поштенското сандаче беше преполно со писма за стипендии. Ова е остварување на моите соништа. Сите часови учење и пишување се исплатија на најдобар можен начин. Едвај чекам да започнам со моето универзитетско образование, вели таа и додава дека сака да работи како наставничка.

Нејзините родители Јоланда и Ентони велат дека нејзините постигнувања ги поттикнале и тие да се вратат на училиште. Антониет ќе биде првата студентка во нејзиното семејство. Нејзината мајка успеала да заврши средно образование, а нејзиниот татко се откажал од школувањето за да му се посвети на семејството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This