МАШАЛА: Фирмата на Силјан Мицевски требала да му плати авторски хонорар од 1,4 милиони евра на невладината на Боки 13

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот Бранко Героски, на порталот ПлусИнфо, открива продолжение на афepaта „Peкет“, овој пат без псевдоними.

Героски пишува дека една од најважните „платформи“ со кои се занимава Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски е изградба на т.н. европски центри за возрасни лица и мобилни сервиси на териториите на македонските општини. Овие центри требало да ги гради Силјан Мицевски, сопственик на градежната компанија „Пелистер“ од Битола.

Новинарот кој има увид во договорот помеѓу фирмата на Мицевски и невладината на Боки 13, открива дека тој е правно спорен. Според него ГП „Пелистер“ на Меѓународен сојуз требало да му уплати 1.439.810 евра, но не директно, туку преку Македонската авторска агенција, како хонорар.

– Но, човек ќе рече – зошто пак да не?! Идејата е убава. Боки 13-ка предлага, а Силјан Мицевски гради старски домови. Личи на нормален договор меѓу една невладина организација и една градежна компанија. Камо да е така… И сега, доаѓа најинтересниот дел од договорот. Имено, „заради регулирање на правата кои произлегуваат од платформата“, двете договорни страни се договориле ГП „Пелистер“ на Меѓународен сојуз да му уплати 1.439.810 евра, ама не директно, туку преку – Македонската авторска агенција?! Замислете, како авторски хонорар! – пишува Героски.

Тој додава дека во договорот пишува дека половината од оваа сума или точно 719.905 евра (плус персонален данок) требало да биде исплатена на денот на потпишувањето на договорот (13.12.2017 година), а вториот дел на денот на издавањето на правосилното одобрение за градба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This