МАШКИ ПРЕДЛОГ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА: Отфрлање на тиранската платформа и повикување на Русија на преговарачка маса како гарант!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичкиот аналитичар Тони Науновски, на својот фејсбук профил наброја 6 предлози за излез од новонастанатата ситуација околу политичката криза во Република Македонија

naunovski

– Не е време за повикување на Господ напомош, самосожалувачки цинизам или лажен оптимизам од типот „ако направат влада таа ќе има мало мнозинство, ќе биде нестабилна и за неколку месеци ќе има нови избори”, и слични глупости. Кажа умно г-ѓа Мирка во колумната, ако се направи влада врз основа на Тиранската платформа, веројатно долги децении нема да има избори, туку диктатура; ќе го уништат ВМРО на секој можен начин, од затварање слободни медиуми преку апсење до финансии. Ќе сменат од чистачка до министер, ќе ги окупираат сите институции, а потоа ќе бидат брутални, тоталитарни. – напиша Науновски на својот фејсбук профил.

Според него истекува времето за рационални решенија и слобода на јавно изразување/говор и токму за тоа, сега излегува со неговите шест предлози.

– Додека има уште малку време, да кажам мои предлози, веројатно за последен пат:

1. Претседателот на РМ, како единствена легална и легитимна институција, со јавно писмо до ЕУ и амбасадата на САД експлицитно да наведе дека ќе даде мандат за составување на Влада на “новото парламентарно мнозинство” единствено ако ја отфрлат во целост Тиранската платформа.

2. Во писмото императивно да побара партиите од „новото парламентарно мнозинство” да мора да потпишат јавен документ дека нема да реализираат ниту една точка од Тиранската платформа, а меѓународни гаранти за тоа да бидат ЕУ, САД и Русија.

3. Доколку за десетина дена не го добие таквиот потпишан документ, Претседателот на РМ да распише нови парламентарни и локални избори на ист датум. Доколку некои партии ги бојкотираат, тоа е нивно демократско право.

4. Со јавно писмо до Претседателот на Русија да побара политичка и секаква друга помош за заштита на сувереноста, унитарноста и национално-државниот идентитет на Р.Македонија.

5. Јавно да се обврзе дека ќе воведе вонредна/воена состојба доколку „новото парламентарно мнозинство” се обиде да направи влада без доделен мандат (по примерот на нелегално избраниот т.н. спикер на парламентот).

6. На националните ТВ да се презентираат снимките од разговорите со Хојт Ли и Бејли, како и сите понатамошни разговори со странски претставници, заради транспарентност на политичките процеси и увид на народот во сите случувања со цел активно да придонесе за зачувување на фундаменталните државни и национални интереси. – пишува Науновски.

39 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This