„МАЈКА БЕЖАНИЈА, НИКАД НИЈЕ ПЛАКАЛА“: Фирмите ги повлекуваат проектите од Фондот за иновации!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако ОЈО по допрен глас отвори случај за можната корупција при доделувањето на грантови од страна на државниот Фонд за иновации и технолошки развој, а МВР вчера влезе во просториите на ФИТР, фирмите кои добија грантови започнаа да ги повлекуваат своите проекти од Фондот.

Денеска компаниите ДОО Гинис 3Д Прилеп и КАСТ ИНВЕСТ ДОО Скопје, кој добија државни пари од ФИТР ги повлекоа своите проекти. Станува збор за компаниите на пратеникот од редовите на СДСМ Хари Локвенец, како и фирмата на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Очигледно тие или не го издржаа притисокот на јавноста или се повлекуваат од потенцијалниот криминал кој ќе се открие во Фондот, за да не си лежат. Како и да е доколку Обвинителството докаже дека постои криминал и корупција при доделувањето на грантовите единствено нешто што ќе се промени е должината на нивните затворски казни.

 

-До Фондот за иновации и технолошки развој се пристигнати две известувања за повлекување на два инвестициски проекти на компаниите: ДОО Гинис 3Д Прилеп ( во сопственост на Хари Локвенец) за проектот ,,Гинис принт 2018” со побарани средства од Фондот во изнис од 9.999.338,40 денари и сопствено учество од 23.331.789,60 денари и КАСТ ИНВЕСТ ДОО Скопје за проектот ,,Ја лееме нашата иднина’’ со побарани средства од Фондот во износ од 9.999.000,00 денари и сопствено учество од 23.310.000,00 денари, се вели во соопштението на ФИТР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This