МАЈКА ОСТАНА БЕЗ ТРИТЕ НОВОРОДЕНЧИЊА: Таравари дува наргиле, другарката на Зорица Заев на кафе, Заев по кафани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Клиниката за гинекологија и акушерство починаа три новороденчиња, а од Министерството за здравство и Клиниката молчеа цели два дена за скандалот. Мајка од тетовско ги загуби трите бебиња.

Пациентката И.М. била хоспитализирана на 21 август на Клиниката за гинекологија и акушерство поради болки во абдоменот. Истиот ден е породена со царски рез во 27. недела со тројка, по претходно прснат воденик и пролабирана (испадната) папочна врвца и со цел да не биде прекинат доводот на кислород, веднаш е извршено породување.

Новороденчињата биле прифатени од педијатар и акушерка во операциона сала. Спроведена била и примарна реанимација со аспирација, вентилација со маска и амбу и термостабилизација и во инкубатор сите три биле транспортирани на Одделение за интензивна неонатална нега и терапија. Со семејството во неколку наврати од страна на персоналот на Клиниката било разговарано, со цел да се објасни состојбата на новороденчињата, третманот и можните шанси за преживување и веќе следниот ден е констатирана смрт на сите три.

Од Министерството за здравство информираат дека формирана е комисија за стручен надзор која детално ќе го испита случајот.

Во меѓувреме, министерот Арбен Таравари и директорката на Клиниката Викторија Јовановска два дена молчеа за случајот, а Министерството дури денеска соопшти дека пред два дена починале три бебиња. Таравари и директорката Јовановска која патем, е блиска до семејството Заеви засега се без одговорност.

Одговорност за трагедијата не преземаат ниту заменик министерот за здравство, кој инаку е гинеколог, д-р Гоце Чакаровски, ниту пак државниот секретар на ресорното министерство, Владимир Милошев, кој пак доаѓа од ОО СДСМ Штип.

Гоце Чакаровски – заменик министер за здравство

Владимир Милошев – државниот секретар Министерството за здравство

Негодување поврзано со Јовановска имаше од клиниката, уште пред таа официјално да биде назначена за директор. По клиничките ходници се шпекулираше дека таа не е кадарна за позицијата и дека истата ќе ја добие по заслуга на семејниот пријател, гинекологот Стојовски кој беше осуден на затворска казна за мито.

-Доктор Јовановска не е ниту доктор на науки, ниту субцпецијалист. Нејзиното поставување изненади многумина. Се зборува дека нејзиното блиско пријателство со гинекологот Марјан Стојовски има големо влијание на поставувањето на Јовановска. Стојовски, беше директор на Клиниката за гинекологија и акушерство во времето на СДСМ и раководител на операционите сали. Тој сега е осуден е на две години затвор за примање поткуп, велеа извори од ГАК.

Таравари не издржа и потклекна под протисокот на кланот Заеви, блиската пријателка на Зорица Заева, Викторија Јовановска, да застане на чело на Клиниката за гинекологија и акушетство во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, пишуваше неделникот Република по назначувањето на Јовановска.

-Иако смената на директорската позиција на Гинеколошко акушерската клиника беше најавувана уште пред повеќе од еден месец, Клиниката долго остана без нов директор, а причина за одолговлекувањето, како што тврдат извори на „Република“, е токму инсистирањето на кланот Заеви на позицијата да биде поставена д-р Викторија Јовановска, која е блиска пријателка на сопругата на Зоран Заев, пишуваше Република.

Во ек на хаосот кој владее во здравството, а во кој вчера две лица од гостиварско село починаа на Клиниката за инфективни болести, денеска во селото Симница владее страв и паника од епидемија.

Додека министерот за здравство Арбен Таравари е во посета на САД, каде што од хотел даде изјава до граѓаните, во Македонија се стравува од епидемија, а во селото Симница и луѓе умираат.

Жителите на околните места од Горна и Долна Ѓоновица, Маврово, Ростуше како и градот Гостивар се вознемирени од вчерашниот настан со трагичен епилог каде што животот го загубија две машки лица на возраст од 50 и 23 години кои се во роднинска врска и се презиваат Мифтари.

Покрај целата ситуација новиот премиер Заев очигледно е незаинтересиран за целата оваа трагедија.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This