МАЈСКИОТ ДОГОВОР НЕ ВАЖИ УШТЕ ПРЕД 11 ГОДИНИ: Ахмети потврди дека со ВМРО-ДПМНЕ имале „непремостливи“ разлики, СЈО најмал проблем!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Блиц посетата низ задната врата на Јоханес Хан во Македонија, ги остави недоискажани претставниците на политичките партии кои вчера во Собранието на Р.Македонија имаа средба со евро-комесарот, кој пак се закани „политичарите да не си играат со оган“

ahmeti_sobranie

Според Али Ахмети, кој веднаш по средбата со Јоханес Хан одржа прес конференција, Мајскиот договор со кој се уредуваше принципот за коалиција помеѓу победничките партии во македонскиот и албанскиот политички блок повеќе не важи, бидејќи бил склучен пред десетина години, во други услови и веќе немало потреба да се користи.

Но ставот на Ахмети по однос на Мајскиот договор повеќе не е ниту важен, имајќи во предвид дека ВМРО-ДПМНЕ претходно порачаа дека истиот нема да важи во моментот кога ДУИ ќе одлучи да го прекрши и да коалицира со СДСМ, против-уставно и непринципиелно.

Она што е значајно, е фактот што Ахмети ги потврди изјавите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, дека во преговорите за составување на нова Влада двете партии имале „значајни разлики“ кои не се однесуваат само на СЈО, како што подоцна претставници од ДУИ и СДСМ се обидуваа да манипулираат и лажат во јавноста.

На прашањето поставено од репортерот на iNFOMAX.mk во врска со непочитувањето на Мајскиот договор, Ахмети изјави дека „принципот добитник со добитник се случи пред 11 години. Ние сега имавме разлики, непремостливи разлики со ВМРО-ДПМНЕ, разлики кои што не донесоа до ситуација да не се сложиме заеднички да владееме.“

Во потпрашањето поставено од репортерот, дали ВМРО-ДПМНЕ сега треба да им го прави истото на ДУИ, Ахмети збунето одговори дека „требало да се види што е најдобро за земјата“, повторно надевајќи се на простор дека ако не помине кај СДСМ, ќе бара спас кај ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова, паѓаат во вода сите манипулации и лаги на СДСМ и ДУИ дека во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, проблемот бил само околу СЈО. Како што потврди и Ахмети, разликите биле непремостливи.

Имајќи во предвид дека од ВМРО-ДПМНЕ претходно изјавија дека во преговорите со ДУИ за СЈО се раговарало најмалку, може да се заклучи дека „непремостливите“ разлики всушност се наоѓаат во Тиранската платформа и барањата за двојазичност и кантонизација.

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This