МВР ГИ ШТИТИ ПРОДАВАЧИТЕ НА ПЕТАРДИ: Бит-пазар е преплавен со пиротехнички средства , полицијата не можела да ги пронајде

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред новогодишните и божикните празници Бит-пазар е преплавен со пиротехнички средства. Иако противзаконски, петарди и ракети од разен калибар се наоѓаат на тезгите. Нивната цена зависи од габаритноста, а се движат од 100 денари за пакување до 1000 денари за ракетно-пиротехничко средство. Една петарда е три денари, а попустот за купена цела кутија e 100 денари со 100 петарди, цена пристапна за сечиј џеб. Покрај забраната, пиротехничките средства се достапни за сите, па дури и на малолетници.

Увозот на пиротехнички средства и нивната продажба која не е во согласност со законот е казнива. Но, законот не важи за сите. Продавачите немаат декларација за составот, па во нив може да има високоексплозивни средства кои може да доведат и до хируршки интервенции. Според Кривичниот законик, недозволеното тргување со распрскувачки материи може да се казни со затвор од три до десет години.

На Бит-пазар забележа и полициски службеници од МВР, но тие само немо поминаа покрај нелегалните препродавачи на пиротехнички средства. Од друга страна, Министерството апелираше граѓаните да се воздржат од употреба на петарди заради опасностите што по безбедноста тоа и по животот на граѓаните кои ги носи употребата на овие средства.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This