МВР ГИ OБEЗБEДУBA HAPKO-KAPTЛИТЕ ВО СКОПЈЕ: Јавна тajна е дека во „Александар Палас“ дојде до пpecмeткa Арачиново-Грчец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се уште нема абер од истрага против оние кои пукаа во „Александар Палас“, наместо тоа, полицијата е ставена во улога на обезбедувач на нарко-картелите во Скопје. Вака вечерва, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше состојбата на Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија

 

„Во Република Македонија има брак помеѓу подземјето и министерството за внатрешни работи. Целата јавност знае, дека конкретно во Скопје, има два нарко картела кои се заштитени од две различни групации во МВР. Тоа што се случуваше во ‘Александар Палас’, за жал во 21. век, е само потврда на она што ние го говориме во минатиот период. Таму имаше класична пресметка на две различни групации штитени од страна на полицијата“ – вели Орце Ѓорѓиевски за „Алфа ТВ“ коментирајќи ја случката од пред една недела во хотелот Александар Палас.

„Јавна тајна е кои се двете групи – едната е Арачиново, другата е Грчец. Но, најважно е од сѐ е дека МВР не превзема ништо, МВР е корумпирана до крај“ – додава Ѓорѓиевски и објаснува дека полицијата е ставена во улога на „обезбедувачи на нарко картелите во Скопје“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This