МВР ГО ЗАТАШКУВА СЛУЧАЈОТ СО ПРЕТЕПАНАТА ПОЛИЦАЈКА: Наместо кривична, Асани казнет со 500 евра за вербален напад!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кој вчера тепаше полицајка на Битпазар затоа што сакала со пајак да му ја крене колата која била неправилно паркирана – не доби кривична пријава за напад на злужбено лице.

Наместо за ова кривично дело, за кое се добива затворска казна до 10 години, од МВР на Асани му поднеле само прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, за што не се одговара кривично, туку со казна од 500 до 800 евра.

Освен ова, ДУИ лиферуваше соопштение на Асани во кое наводно ја кажуваат вистината за инцидентот, тврдејќи дека не дошло до физички контакт, иако фактите зборуваат поразлично.

Имено, информацијата дека полицајката била претепана и се здобила со тешки телесни повреди ја потврдија и од Градската болница, а како што објаснуваат по укажаната помош и санирањето на повредите истата била пуштена на домашно лекување.

Случајот се обидоа да го заташкаат и од МВР, од каде нецелосно ја соопштија информацијата, односно информираа дека имало само „вербален напад“, иако јасно е дека дошло до тепачка.

-Денеска околу 10 часот на крстосниците на булевар “Гоце Делчев” и улица “Филип Втори” во Скопје, при подигање на патничко моторно возило Land Rover со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Со Б.А. е извршен разговор во ПС Бит Пазар и изготвен записник за констатиран прекршок по чл. 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Асани е експретседател на огранокот на ДУИ во Чаир. За него МВР има регистрирано неколку инциденти. Министерството го сомничи за напад на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, во март 2016 година по неуспешниот обид да се стават темели на крст во Бутел. За претепувањето на Петров, Асани никогаш не одговараше.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This