МВР ГО СЛЕДИ И МАЛТРЕТИРА БИЛАЛ КАСАМИ: Касами јавно обвини дека полицијата се злоупотребува во служба на Заев и Ахмети!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До меѓународната заедница пративме допис дека не следат, а не до полицијата, зошто тоа беа луѓе од полицијата, изјави лидерот на БЕСА, Билал Касами во интервју за „Само Вистина“ .Тој истакна дека луѓето кои го следеле биле од некоја посебна единица на полицијата.

-Некој ми кажа дека тоа се алфи, но таква единица во Тетово нема, туку тоа биле некои посебни единици за кои ние не баравме да не следат, туку одат да ги заплашуваат луѓето. Ова го кажувам зошто јас одам секаде по градот, не се плашам да влезам било каде низ градот. Бев во една средина, мешана средина каде што луѓето живеат многу подобро отколку што сакаат политичарите, а после нас отишле да ги уплашат Македонците со сите податоци со кои располагаат дали работат во администрација или дали имаат некој бизнис и се заканувале ако планираат го гласаат Касами, посочи лидерот на БЕСА.

Потенцира дека имале состаноци во канцеларијата на Европската унија каде се доставени податоците за возилата и нивните регистарски таблички од кои може да се заклучи дека тоа се возила на полицијата. Тој нагласи дека се оди и по другите села и во околината на Тетово и граѓаните се прашуваат зошто се со БЕСА, а не се со ДУИ. Ова според Касами, е класична злоупотреба на службената положба. Претседателот на БЕСА посочи дека причината што Теута Арифи не дојде во емисијата не е дека зошто е на терен, туку зошто е на вечера со премиерот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This