МВР ДЕМАНТИРА: Научникот депортиран од Охрид, немала валидна виза за влез во Р.Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи ги демантира пишувањата на неколку веб портали за наводни неправилности околу одбивањето на влез во Република Македонија на колумбиската државјанка Н.О.П.

„На 27 април 2018 година на ГП Аеродром Скопје на влез во Република Македонија од Цирих допатувало лицето Н.О.П. (31), со патна исправа од Колумбија. По извршената пасошка контрола, констатирано е дека Н.О.П. не поседува валидна виза за влез во Република Македонија и на ова лице му е одбиен влез во Република Македонија. Службениците на граничната полиција постапувале согласно законските прописи и ничии права не се повредени ниту пак некој е насилно качен во авион. Виза за влез во Република Македонија не им е потребна на: државјаните на земјите членки на ЕУ и потписнички на Шенгенскиот договор; на државјани на трети земји со постојан престој во земја членка на ЕУ или потписничка на Шенгенскиот договор; или на државјани на трети земји со важечка повеќекратна Шенген Ц виза со рок на важност подолг од најмалку пет дена од планираниот престој во Република Македонија; како и на државјани на трети земји со важечка британска, канадска или американска виза со рок на важност подолг од пет дена од планираниот престој во Република Македонија. Н.О.П. имала колумбиски пасош со привремен престој во Швајцарија, што не ја ослободува од обврската за поседување виза за влез во Република Македонија“, велат од Министерството.

Претходно од невладината организација Охрид СОС соопштија дека граничната полиција направила скандал кога ја одбила за влез жената научник која била поканета да учествува на конференција за блатни екосистеми во Охрид. Таа била итно депортирана за Цирих.

Според нив, инцидентот се случил на меѓународниот аеродром Скопје кога бил експресно депортиран научник со колумбиски пасош кој само што пристигнал со авион од Цирих, а живее и работи во Швајцарија. Причината за итната депортација е што таа немала виза за Република Македонија.

„Залудно и таа и нејзиниот сопруг, исто така научник, им објаснувале на припадници на МВР / МНР дека таа го исполнува третиот услов за дозволен влез во Република Македонија објавен на интернет страницата на МНР. На оваа страница јасно пишува дека тие што имаат шенген виза со повеќе влезови не треба да имаат и македонска виза за да влезат во Република Македонија“, објави Охрид СОС на „Фејсбук“.

Според нив, „жената која што е петти месец трудна, била насилно качена на авион назад за Цирих без можност и да се поздрави со својот сопруг за кого немало место во авионот да се врати заедно со неа“. „Згора на сѐ, ѝ бил ставен и црн печат во пасошот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This