April 20, 2024, 12:15 pm

МВР: Зapaзeнa со Koвид-19 излeглa нa глacaњe вo Pocoмaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шеесет и еднагодишна жителка на Росоман денеска излегла да гласа за локалните избори, иако знаела дека е позитивна на ковид-19. Случајот е пријавен во полициската станица во Кавадарци и се преземаат мерки за негово расчистување, информира Министерството за внатрешни работи.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, вели дека за време на денешното гласање за локалните избори, досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето.  Процесот, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти Ангеловски на денешната прес-конференција.

По отворањето на гласачките места до 11 часот, од страна на МВР регистрирани се неколку пријави поврзани со изборниот процес.

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место 2600 граѓанин ги фрлил гласачките ливчиња затоа што не му била дозволена помош од друго лице при гласањето.

Во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.35 часот во близина на влезот на гласачко место 2842 и 2842/1 на ул.„Борка Талески“ во Скопје било забележано дека на девет возила од надворешна страна на стаата била залепена бројка на кандидат за градоначалник за град Скопје.

Во 07.28 часот во СВР Штип било пријавено дека било прекинато гласањето на гласачко место број 852 во кино Култура во Кочани поради истакнат плакат во близина на гласачкото место.

Во 10.10 часот во Полициската станица Кратово – СВР Куманово, претседателот на Општинска изборна комисија од Кратово пријавил дека од претседател на избирачко место бр.0931 во Кратово бил информиран дека имало агитирање на избирачкото место. Се работи на расчистување на случајот.

Портпаролот во МВР Ангеловски апелираше до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има какво било нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата или на бројот 192 или да пријават во најблиската полициска станица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This