April 19, 2024, 10:48 pm

МВР: Издадени 368 решенија за изолациja во изминатите 24 часа и 82 изјави за caмоизолација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа, според евиденцијата на МВР, на територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, 82 потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полициските служби извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја почитувало самоизолацијата.

-Покрај ова полицијата, во соработка со другите институции во изминатото деноноќие извршила и контрола врз 222 угостителски и други објекти, и во три случаи за три објекти е констатирано непочитување на владините мерки и одлуки, информираат од МВР.

По однос на контролата на забраната за движење од 21 до 05 часот утврдено е дека 66 лица не ја почитувале забраната при што приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This