МВР има доволна основа да го гони црногорскиот бизнисмен Дака при обидот за влез во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

о своето јавно признание дека платил 300 илјади евра за посредништво за деловни проекти кои сакал да ги реализира во Македонија црногорскиот тајкун, Миодраг Давидовиќ-Дака, самиот се инкpиминира во можен кoрупциски сkандал што е причина за негово истражување од страна на македонските институции.

Откако јавната обвинитeлка Вилма Русковска им даде зелено светло на министерот Наќе Чулев и полицијата да бараат докази за kpиминал кој потекнува од аудио „бomбите“ емитувани преку Јутуб каналот, Црногорецот може да биде уапcен при влез во Македонија.

Една од индициите дека Давидовиќ- Дака е дел од криминална шема е фактот што тој во јавната реакција самиот признава дека на Зоран Милевски – Кичеец му платил 300 илјади евра за консалтинг, посредување, застапување и преговарање за бизнис проекти во Македонија.

Според Централниот регистер во Македонија Зоран Милески Кичеец нема регистрирано фирма за ваков вид на дејност (консалтинг, посредување, логистика и застапување) што може да значи дека црногорскиот бизнисмен парите ги дал на рака што пак според македонските закони е незаконско дејствие.

Во ова поведение во кое Дака самиот го признава во јавната изјава има најмалку две индиции за кривичните дела: едното е „трговија со влијание“ (затоа што како што се слуша од аудиото Милески му договара средба со Заев а подоцна се споменува и генералниот серетар на владата Рашковски). Второто потенцијално дело е перење пари затоа што ако нема прецизен заверен договор меѓу два правни субјеки и банкарски трансакции од кои се гледа за што точно Дака му дава пари на Милески тогаш парите се трансферирани на нелeгален начин надвор од македонските законски канали, пишува порталот Експрес.мк.

Во изјава за 360 степени Дака ги објаснува своите ставови за објавената аудио бomба за која вели дека се е чисто и не го објавува договорот со кој тој стапува во формално – правен однос со Кичеец.

Погоре наведените информации и индиции и изјавата на Русковска се доволна основа за МВР да го гони Дака при обидот за влез во Македонија, да го покани да дојде на информативен раговор во МВР или да побара црногорските власти да обезбедат негово учество во случајот кој е извесно дека ќе биде отворен пред македонските правосуднни органи.

Една од мерките кои македонските власти може да ги преземат во текот на постапката за да го обезбедат неговото учество во расчистување на случајот е замрзнување на целиот имот, банкарски сметки и финансиски трансакции на фирми и имоти што Дака го поседува во Македонија.

Дака важи за еден од најбогатите балкански тајкуни близок со врвот на СПЦ и со блиски врски со Кремљ. Во Македонија според неговата изјава поседува огромен имот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This