April 25, 2024, 11:51 am

МВР ИТНО ДА ГИ ПРОНАЈДЕ ВАНДАЛИТЕ: ВМРО-ДПМНЕ остро го осуди вандалскиот чин на демолирање на седиштето на ДПС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува вандалскиот чин на обивање на седиштето на Демократската партија на Србите во Македонија. Да се нападне и да се претура по седиштето на партијата во предизборен период е скандал кој остава темна дамка на демократијата и на предизборниот процес, ова го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на осуда за вандалскиот чин и демолирањето на седиштето на ДПС.

-ВМРО ДПМНЕ бара Министерството за внатрешни работи конечно да почне да ја врши улогата  и обврските кои ги има согласно Уставот и законите. Наместо да се злоупотребува униформата и ресурсите во политички цели, министерството мора веднаш да ги пронајде виновниците на овој вандалски чин и да ги изведе пред лицето на правдата. Во спротивно, нивното неказнување ќе биде уште една порака која ќе ги поттикне насилниците да предизвикуваат уште вакви инциденти во предизборниот период, потенцираат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This