April 27, 2024, 12:36 am

МВР КАКО НАСЛЕДСТВО ОД ДЕДО МУ: Оливер Спасовски се однесува како МВР да е негова приватна сопственост!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во јавноста осамна официјална промотивна фотографија на која е официјалниот грб на МВР и слоганот ,,Опремена Полиција, Безбедни Граѓани’’. Ваков начин на водење на маркетиншка кампања на државна институција иако не морален немаше да биде проблематичен доколку на фотографијата не стоеше своерачен потпис на актуелниот министер Оливер Спасовски.

Спасовски се однесува како оваа, можеби најважна државна институција да е во негова лична сопственост, однесување кое е целосно недозволиво за еден министер за внатрешни работи.

Јавноста остро реагираше на оваа постапка на Спасовски. Имено поранешниот директор на центарот за комуникации на СДСМ на својот твитер профил вели ,, Да го потсетиме министерот дена не е Оливер Драгоевиќ и ова не е негов приватен концерт. Ова е министерство за внатрешни работи, државна институција и името и презимето на министерот се само дел од институцијата, не е МВР негова своина’’.

На постерот проблематичен е и тврдењето за опременоста на полицијата, поради тендерот за набавка на наводни ,,нови’’ чизми кои беа наплатени како нови, а беа всушност стари 35 години. Од Независниот синдикат на полицијата велат дека чизмите се произведени во 1982 години и дека се наметнува прашањето за нивниот квалитет и истрајност. Наводите за ,,Безбедни граѓани’’ се смешни земајќи ги во предвид седумте неразрешени убиства, секојдневните грабежи и запалени возила како и кражбата на автомобили чија стапка само последниве 6 месеци на територијата на Град Скопје бројот на украдени возила е еднаков на бројот на украдени возила последниве 10 години.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This