МВР СО ДЕМАНТ:Најоcтро ги демантира дезинформациите за наводни неправилности при набавка на бланко обрасци за патните исправи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите за наводни неправилности при набавка на бланко обрасци за патните исправи.

Вистината е дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за да се обезбеди непречено издавање на патни исправи на граѓаните, а политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и многу пати до сега, ја лаже јавноста во обид да добие некакви политички поени.

Ја информираме јавноста дека во тек е испорака на бланко обрасци за патни исправи и таа е во согласност со Анексот на Договорот за изработка на патни исправи и лични документи склучен во 2017 година, каде е утврдена количината на обрасци што треба да бидат испорачани за 2018 и 2019 година.

Станува збор за редовна испорака, вообичаена како и секогаш до сега, со цел да се обезбеди навремена испорака на патни и лични исправи за граѓаните.

МВР има задача да обезбеди патни исправи за граѓаните и постапува токму според своите надлежности. Согласно законските процедури, доколку бидат изгласани уставните измени во периодот што следува, потребен е временски период за менување на процедурите и законските промени, како и за стапување на сила на измените. Во меѓувреме, патни исправи мора да се издаваат непречено, односно да се одговори на барањата на граѓаните.

Количината на пристигнати обрасци е соодветна на предвидената динамика на потрошувачката од претходните години и е во согласност со преземените договорни обврски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This