МВР СО ДЕТАЛЕН ИЗБЕШТАЈ: 209 лица се вратиле во Македонија, а 162 ја напуштиле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие:

На територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација. Oд страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице, во самоизолација, не било затекнато во својот дом.

Во државен карантин се спроведени 209 лица, вратени од странски земји.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 95 лица, а опоменати се 37 лица.

Вкупно 162 државјани на РМ ја напуштиле државата и потпишале изјава дека државата не им гарантира навремено враќање во државата.

Министерството за внатрешни работи контиуирано презема активности за заштита на здравјето и животот на граѓаните.

Апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките и одлуките на владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This