МВР СО ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА: Полицијата потврди дека се случила сообраќајна несреќа, сеуште непозната состојбата на детето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓани од населбата Ѓорче Петров се собираат на протест кај училиштето „Мирче Ацев“ откако дете вечерва настрада во сообраќајна незгода на улицата „Борис Сарафов“. Детето е пренесено во болница но се уште не се знае каква е неговата здравствена состојба.

Според првичните информации од МВР, детето е на возраст од околу 10 години. Од полицијата ја потврдуваат сообраќајката, но повеќе детали ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.

Несреќата се случила околу 19 часот на улицата „Борис Сарафов“, каде детето било удрено од автомобил „Опел Астра“ со скопски регистерски таблички.

По несреќата, детето е пренесно на Ургентен и неговата здравствена состојба засега не е позната. Ова не е прв случај на ова место да има настрадано дете, како што велат тие ова е втора несреќа во период од две недели, а 4-та несреќа во рок од 5 месеци.Поради ова граѓаните излегоа на улиците во знак на револт и улицата на местото на несреќата моментално е непроодна.

Родителите на учениците од ООУ„ Мирче Ацев“ како и околните жители, подолг период апелираат за поставување на светлосна сигнализација, бидејќи претходно беа полесно повредени уште неколку деца во сообраќајни несреќи на истата улица.

Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This