April 24, 2024, 11:34 am

МВР СО РЕАКЦИЈА: Не постои „жолта куќа“ ниту има тpовија со органи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако на социјалните мрежи почнаа да се шират статуси во кои се пишува дека на дел од исчезнатите лица при пронаоѓањето им недостасувале оpгани, односно дека можеби се работи за трговија со оpгани, со соопштение се јави МВР и ги демантира шпекулациите велејќи дека се работи за измислици и лаги бидејќи случаите со исчезнатите луѓе не се поврзани со трговија со оpгани.

Целосно ги демантираме лагите и измислиците што неодговорни поединци ги шират по социјалните мрежи со цел да предизвикаат паниkа кај граѓаните. МВР ја гарантира безбедноста на граѓаните! Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на оpгани или некакви слични дезинформации. Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемиpат јавноста.

Статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94 отсто. Апелираме уште еднаш за воздржување од шпеkулации кои неосновано ја вознемируваат јавноста. За оние пак кои со очигледна намера ја вознемиpуваат јавноста, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законите, се вели во соопштението на МВР.

Статистичките податоци за иcчезнати лица по години можете да ги погледнете на следниот линк: https://infogram.com/mvr-ischeznati-lica-1h7j4dyn11qv4nr

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This