МВР со 244 мерки и казни во текот на вчерашниот ден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 244 мерки, од кои 24 за управување со брзина поголема од дозволената, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 13 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 17 за користење на мобилен телефон и 6 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).  
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.  

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This