МВР СПИЕ, РЕКЕТАРИТЕ ПАЛАТ АВТОМОБИЛИ: За една недела запалени неколку автомобили, МВР спие додека во Скопје дивеат рекетари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од МВР изгледа спијат, па овие случаи ниту се решени, ниту сторителите се казнети. Дивеењето на криминалците продолжува низ скопските улици, но и низ цела Македонија, а граѓаните оправдано се плашат за својата безбедност од секаков вид.


Три патнички возила изутрината се опожарени на ул. „Мирослав Крлежа“ во Скопје.

Во Единицата за информации и команда Скопје изутрината во 05:18 часот било пријавено дека на ул. „Мирослав Крлежа“ имало опожарено патничко возило „Ренџ Ровер“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Охрид.

Од пожарот биле зафатени и делумно оштетени уште две патнички возила „Опел Инсигниа“ и „Тојота Јарис“ и двете со скопски регистарски ознаки.

Околу 05:10 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Овие три случаи се само последни во низата. Во полициските билтени многу често се известува за опожарени возила, но полицијата се уште нема превземено конкретни мерки.

Единствено што МВР прави е она што мора, односно ја информира јавноста за пријавите кои ги добила за опожарени автомобили. Виновниците се уште се слободни и продолжуваат да ги прават овие дела.

Пред три дена беше опожарено возило Бе-Ем-Ве во Скопје. Возилото, како што е наведено во полицискиот билтен, е со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Н. од Скопје.

Пред десетина дена беше опожарено возило во Кавадарци и беше причинета поголема материјална штета.

Станува збор за патнички автомобил марка „Ауди А6” со кавадаречки регистарски броеви, сопственост на С.Ф.(53), паркиран во дворот од неговата куќа на улицата „7 Септември“ бр. 48 во Кавадарци.

Пред два месеци, од Бригада за противпожарна заштита Скопје пријавено е дека на улицата „Милан Марковиќ“ интервенирале на опожарено возило „Шкода Кодијак“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ј.А. од Скопје и делумно опожарено возило „Опел Астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на Т.О. од село Богданци.

Кон средината на јануари избувнал пожар на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во скопската населба Маџир Маало при што опожарени се едно возило голф и две дрвени бандери. Полицијата соопшти дека возилото е сопственост на Б.А. (76) од Скопје.

Неколку дена пред овој случај, беше пријавено и дека е опожарено Ауди во близина на ТЦ Лептокарија.

Од МВР изгледа спијат, па овие случаи ниту се решени, ниту сторителите се казнети. Дивеењето на криминалците продолжува низ скопските улици, но и низ цела Македонија, а граѓаните оправдано се плашат за својата безбедност од секаков вид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This