МВР ЌЕ ИCTPАЖУВА: Како југотo на Пендаровски се претворило во мерцедес!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради објавените фотографии на Стево Пендаровски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави проверка на Твитер налог.

Министерот потврди дека Пендаровски вчера до МВР поднесол пpијава која сега се проверува од одделот за компјутерски кpиминaл, а истpaгата на МВР се темели на наводно неовластено објавување на две фотографии.

Истрагата на МВР во овој правец се смета за притисок врз јавноста и Твитерџиите да запрат со објавување информации и фотографии кои се штетни за Пендаровски.

Според експерти за медиуми и социјални мрежи поради јавната функција на Пендаровски и информациите дека наместо пријавеното Југо тој вози друго поскапо возило секој граѓанин има право да објави фотографија на која се гледа носител на јавна функција на јавно место. Во вакви ситуации јавниот интерес е тој што треба да пресуди за Твитерџиите, а во случајов јавниот интерес е граѓаните и гласачите да знаат какво возило пријавил Пендаровски во анкетниот лист, а какво навистина вози и притоа не е пријавено во антикорупциската комисија, велат експертите кои инсистираат на анонимност. Ако МВР нема друга позадина во случајот и навистина гони Твитерџии кои објавиле информација од јавен интерес случајот сугурно ќе заврши во Стразбур со пораз на МВР и државата, уверени се експертите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This