МВР ЌЕ ПОТРШИ 300 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ВОЗИЛА: 9 возила ќе бидат изнајмени, а за три години ќе бидат вратени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МВР ке изнајмува 9 возила за три години, за истата цена за која може да ги купи Министерството за внатрешни работи преку оперативен лизинг ќе изнајмува 9 возила од две автомобилски компании, за кои за три години ќе треба да плати 307.000 евра, а потоа ќе треба да ги врати, пренесува Журнал.


Во просек , за овие 36 месеци, Министерството ќе треба да плати 35.000 евра за едно возило што е приближно до цената за купување на возилото, ако се купат во салон без дополнителна опрема и преминат во сопственост на МВР. Возилата ќе бидат за Бирото за Јавна Безбедност, а во нив ќе се возат ВИП личности, делегации и гости.

Договорите се потпишани на крајот од месец јули, а тендерот го имаат добиено „Порше лизинг“ и „Еуроимпекс“.
Порше за сума од 247 илјади евра треба да издаде 7 возила од типот „Шкода СуперБ Амбишн“. Во договорот стои дека полицајците за овие три години не смеат да надминат над 100.000 километри. Ако се надмине оваа километража тогаш министерството ќе треба да плаќа 17 илјади денари за секој поминат километар.

Договорот со Еуроимпекс е во вредност од 60 илјади евра. Оваа компанија ќе издаде две возила од типот Пежо Травел. Истото важи и за овие возила, што значи може да поминат максимум 100.000 километри за три години но ако се надминат ќе треба да се плаќа по 30 денари за секој поминат километар.

Тоа што зачудува е дека МВР не ги купува овие коли туку ги изнајмува. За едно возило Шкода Суперб Амбишн МВР ќе плати околу 35.000 евра а исто толку (35 илјади евра) е и цената за која може да се купи во салон со истата опрема.
Пежо Травел во салон може да се купи од 30.000 до 46.000 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This