April 24, 2024, 10:38 am

МВР co дeтaли зa хaocoт вo Радишани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 27.12.2020 околу 01,15 часот на ул.„Бутелска“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило „дачија дастер“ сопственост на МВР, во кое биле двајца полициски службеници и патничкото моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(19) и сопатник И.Х.(18) двајцата од Скопје, кои бегале од полициската екипа по претходно нарушување на јавниот ред и мир.

Во незгодата двајцата полициски службеници и И.Х. се здобиле со телесни повреди.

-Претходно, била добиена пријава дека околу 01,00 часот на бензинска пумпа на подрачје на Чаир бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Т.(19) и И.Х.(18) двајцата од Скопје кои биле со патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, од една страна и М.Ф.(34), М.О.(21) и А.И.(50) сите од Скопје кои биле со патничко моторно возило„фолксваген голф,, со скопски регистарски ознаки, од друга страна, по што сите учесници го напуштиле местото на настанот, информира МВР.

Подоцна од полициски службеници било запрено возилото „фолксваген голф“ и приведени се М.Ф., М.О. и А.И. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This