Меган Маркл ги советува домаќинките: Гответе со моите трикови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен што е идна мајка, сопруга на принц, модна икона, Меган Маркл е специјалист и по кулинарство. Неодамна, таа ја издаде својата прва книга со рецепти насловена: „Заедно, нашата заедничка книга со рецепти“.

Инспирација и биле жените од Муслиманскиот центар за културно наследство Al Manaar. Во книгата, освен кулинарски тајни има и приказни за групата жени која се обединила по трагичниот пожар кој го уништил градот околу палатата Кенсингтон.

Како да се направи кремаст намаз од авокадо, кои зачини да се додадат во салатата, како да се пече со кефир се дел од кулинарските тајни на војвотката од Сасекс.

„ Додајте малку јогурт или мајонез. За секое авокадо додајте 3 лажици јогурт и 4 лажици мајонез“, вели Меган за рецептот за сос од авокадо. Таа додава дека ова е нејзиниот нов омилен рецепт за гвакамоле.

„ Најдобриот начин за приготвување на кускус е : накиснете го кускусот во солена вода и оставете го околу 5 минути. Потоа разделете го вашите прсти и држете го на пареа покриен со фолија. Иако изгледа како многу работа, навистина вреди“, советува Меган.

За подобар вкус на било која салата, таа советува : „Додајте малку црвен пипер и веднаш ќе го подобрите вкусот“. Маркл го препорачува и кефирот како извор на пробиотици и калциум, и за неа е замена за млеко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This