Меган Маркл не ферма никого

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бремената војвотка од Сасекс, Меган Маркл вчера учествувала во панел-дискусија по повод Меѓународниот ден на жените, на која се разгледувале нивните права. Покрај неа, во дискусијата учествувале и основачките на организацијата „Model and Gurls Talk“.

Меган Маркл на настанот пристигнала во црно палто и црно-бела мини тоалета со апстрактни примероци, со што по којзнае кој пат го прекрши кралскиот дрес код. Имено, иако на членките на кралското семејство не им е забрането да носат фустани или здолништа над колената, во тој случај задолжителни се темни хулахопки, а Меган облекла незабележителен модел во боја на кожата.

Но, овој пат нејзиниот одличен стил паднал во втор план и многу поважни биле нејзините зборови. Како декларирана феминистка, војвотката имала што да каже за положбата на жените во денешницата и начинот на кој може таа да се подобри.

Во продолжение издвоивме некои од нејзините највпечатливи изјави од дискусијата:

„Кога работите одат во поинаков правец и недостасува правда и еднаквост, некој мора нешто да каже и зошто тоа да не бидете вие?“

„Се согласувам дека мора да бидеме глобални феминисти и да ги вклучиме мажите и момчињата.“

„Ако и момчињата се вклучени, тогаш тоа е уште поголем чекор, бидејќи престануваат да го применуваат наученото однесување кое може да биде многу опасно за младите жени и нивните потенцијали.“

„Не се работи за тоа дека девојчињата мора да одат во училиште и да станат памени девојки, туку дека тие паметни девојки треба да станат влијателни жени и да го променат светот на подобро.“

„Хаштаговите не се доволни.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This