March 29, 2024, 11:39 am

МЕГАПРОЕКТ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ: 10 години ослободување од давачки за инвестиција во рурални развојни зони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со проектот Рурални развојни зони, предвиден во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, се планира заживување на руралниот развој.

farm-pic

Ова е нов проект, кој ќе се спроведе веднаш по изборите, рече денеска од Ресен, лидерот на партијата, Никола Груевски.

-Со проектот сите села и градови кои имаат под 10.000 жители ќе добијат исти или подобри услови за бизнис од оние во слободните економски зони. Секое село во Македонија и град со под 10.000 жители ќе може да стане слободна економска зона. Во наредните 5 години, колку што ќе важи проектот, секој кој ќе инвестира таму ќе има 10 години ослободување од данок на добивка, персонален данок, како и 50% од придонесите нема да ги плаќаат, рече Груевски.

Се предвидува, додава тој, таму каде некој ќе изгради капацитет, доколку нема пат, тоа да го изгради државата. Исто се однесува и доколку нема канализација, водовод, сето тоа ќе го гради државата.

-Ќе бидат ослободени и од плаќање на комуналии. За секој вработен ќе следат 2000 евра грант, а доколку биде вработен стечаец, ќе има грант од 4000 евра, со обврска вработените да ги задржи на работа најмалку 5 години. Кажете им на сите кои имаат бизнис идеја, дека секој кој ќе инвестира во селата или градовите со под 10.000 жители 10 години ќе биде ослободен од сите давачки, порача Груевски од Прилеп.

Оваа мерка очекуваме, додаде тој, да ја искористат домашните инвеститори, а истата е отворена и за странските.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This