April 25, 2024, 12:08 pm

МЕГА СКАНДАЛ ВО ОХРИД: Се краделе пари за обештеување на штета од земјотресот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фалсификувани документи, праќање на пари на туѓи трансакциски сметки, за една иста исплата за обештетување на штетите причинети од земјотресот лани, се исплаќале пари на неколку лица – огромен скандал на повидок во Општина Охрид, открива „Економски Лидер“ од извори во општината.

Документирани се десетици случаи кои „Лидер“ ќе ги објавува во периодот што следува, а во скандалот се вмешани вработени во општината и функционери на власта.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, минатата недела прашањето го покренаа и во советот на општината, каде од в.д. градоначалникот Константин Георгиевски побараа целосно расчистување на случајот.

Во прилог, целото соопштение на комитетот на опозиццијата од Охрид, со кое бараа од Георгиевски да почне расветлувањето на случајот:

-ВМРО-ДПМНЕ бара разгледување на проблемите кои настанаа при исплата на штетите од земјотресите во општина Охрид во 2017 како и предлог-мерки за нивно надминување. Затоа, денес од Советот на општина Охрид како највисок орган на општина Охрид бараме да го надополни дневниот ред со оваа точка и истата заради итноста да се разгледува како прва точка на дневен ред. – стои во соопштението на опозицијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ, со цел операционализација на активностите на општина Охрид и во услови кога гледаме дека раководството на локалната самоуправа несериозно пристапува кон надминување на оваа состојба, ги предлагаат следните заклучоци:

1. В.д. Градоначалникот Констатнтин Георгиески веднаш, усно на самата седница да реферира за досегашните преземени мерки и активности во врска со проблемите кои настанаа при исплтата на штетите од земјотресите

2. Се задолжува Претседателот на Советот на општина Охрид г-ѓа Живка Ангелоска, во рок од 1 (еден) ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на општина Охрид, со кое ќе го извести Основното јавно обвинителство во Охрид за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите;

3. Се задолжува Претседателот на Советот на општина Охрид г-ѓа Живка Ангелоска, во рок од 1 (еден) ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на општина Охрид, со кое ќе го извести Секторот за внатрешни работи во Охрид за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите;

4. Се задолжува Претседателот на Советот на општина Охрид г-ѓа Живка Ангелоска, во рок од 1 (еден) ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на општина Охрид, со кое ќе ја извести Владата на Република Македонија за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите;

5. Се задолжува В.д. Градоначалникот Константин Георгиески на наредната седница на Советот на општина Охрид да достави писмен детален извештај за преземените активности во врска со надминување на овој проблем, кој ќе се разгледува како посебна точка на дневен ред.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во изминатиот период до нив пристигнале определени информации од кои може да се утврди дека постојат многу сомнителни активности со исплатите на проценетите штети предизвикани од земјотресите во 2017 година.

-Како одговорна политичка партија, а се’ со цел да ги потврдиме нашите индиции, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер до општина Охрид доставивме барање за информации од јавен карактер, со кое побаравме да добиеме информации за нашите сомнежи и соодветна пропратна документација поврзана со случајов.– посочуваат од партијата.
Од тој момент раководната структура во општина Охрид отпочна постапки со цел расчистување на настанатата состојба во однос на испплата на штетите.

-Од нашите информации кои се јавно достапни прекината е исплатата на штетите до расчистување на случајот. Кој знае колкава ќе беше штетатата на општина Охрид и Буџетот на Република Македонија и какви се’ не процедурални грешки ќе направеше раководството на локалната самоуправа во Охрид, доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја откриеше целата афера и не доставеше барање за информации од јавен карактер во однос на овој проблем. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
И во периодот потоа, очигледна е збунетоста и нерешителноста на раководството на локалната самоуправа и надлежните институции за надминување на оваа состојба.

-Отворено се сомневаме и во направените проценки на штети и исплатата на високи штети кај одредени високи структури ангажирани во локалната самоуправа во Охрид. Сето ова не’ наведува на тоа да се сомневаме за направени огромни штети на буџетот на Република Македонија.- посочува опозицијата.
Во периодот кој следува, „Економски Лидер“ во наредните продолженија на сторијата, со конкретни докази и документи ќе објави како се случувале злоупотребите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This