МЕГА СКАНДАЛ: На 12 илјади идни пензионери им фалат пари на сметките во вториот пензиски фонд!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По околу 400.000 денари им фалат на сметките на 12.000 идни пензионери, оти придонесите кои нивните работодавци навремено и редовно ги плаќале, не завршиле во вториот пензиски фонд, а останале во првиот. Министерката Царовска вели дека сите ќе бидат обештетени, а најави дека документите ќе ги достави до Јавното обвинителство, кое ќе треба да утврди, кој е виновен за ваквиот пропуст, и каде завршиле парите.

По направената анализа на пензискиот систем заедно со меѓународните финансиски институции се утврди скандалозна неправда што се однесува на 12 илјади осигуреници или идни пензионери. На овие 12 илјади лица воопшто придонесите не им биле префрлани кон вториот столб иако работодавачот го уплаќал придонесот. Финансиските средства останувале во пензискиот систем во првиот столб. Секој од овие граѓани со просечна плата меѓу 2007 и 2018 година изгубил околу 400 илјади денари. Овие осигуреници во наредниот период ќе добијат писма од пензиските друштва и од МАПАС дека се распоредени и имаат индивидуална сметка, со што се овозможува да имаат целосна пензија кога ќе се пензионираат.

Нејасно е зошто сега министерката Царовска реши да ја објави оваа, како што ја нарече „скандалозна неправда“, кога во донесениот буџет веќе се предвидени сретства за оваа намена. На прашањето на Алфа, кога точно се направени анализите одговор, Царовска не одговори.

Објавата на ваквите пропусти во пензискиот фонд, следува по низата реакции во јавноста, откако власта реши да ја смени пресметката за раст на пензиите, и од неа целосно да го исфрли процентот на зголемување на просечната плата. Ова значи дека пензиите ќе растат за помал процент за разлика од претходно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This