МЕГА-СКАНДАЛ СО ТЕХНИЧКИТЕ ПРЕГЛЕДИ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР: Полицаец за „Инфомакс“ открива како изгледа шемата на лажирање технички прегледи во Тетово и Гостивар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На подрачјето на СВР Тетово владее вистински хаос во сообраќајот, а правилата и законите се само мртво слово на хартија – се жали сообраќаен полицаец, во допис испратен до „Инфомакс“, замолувајќи да биде анонимен

Според анонимниот полицаец, на подрачјето на СВР Тетово владее хаос во сообраќајот, а ова се должи на партиски поставените кадри, кои без соодветни компетенции, образование и искуство се поставуваат на клучни функции во секторот.

За ова, тој го обивнува заменик-министерот Агим Нухиу, за кој вели дека се однесува како шериф, па со ротациони светла секој ден ги вознемирува граѓаните на Тетово.

„Владеењето на СДСМ/ДУИ и нивната коалиција од лични интереси и злоупотреби директно се пресликува на секојдневниот живот во Тетовско-Гостиварскиот регион, комплетна злоупотреба на службената должност, посебно во сообраќајот, за кој сведочат секојдневните црни биланси на патиштата во овој регион. Можеме да започнеме од највисоко или од најниско ниво – поставување на некомпетентни кадри, без никакво искуство, префрлани од разни секторски одделенија по желба на партиската волја и поради нивната неспособност се случува тоатален хаос во секојдневното функционирање на СВР Тетово.“ – вели анонимниот полицаец.

Тој објаснува дека ако постои закон за безбедност во сообраќајот, тој дефинитивно стои само на хартија и не е во примена на територија на СВР Тетово, затоа што таму постоел само непотизмот на заменик-министерот Агим Нухиу кој потекнува од тетовско Слатина.

„Не само што го вработи целото село во МВР и јавната администрација пошироко, тој своето каубојско однесување на секојдневен трансфер од дома до МВР и назад со вклучетни ротациони светла во бројна придружба си ги лечи своите комплекси и фрустрации, но се тоа е само поради една голема заслуга, како што се зборува низ градските и партиските средини – огромна благодарност од врвот на СДСМ за добро одиграната улога за случувањата на 27.април во Собранието на Р.Македонија“ – вели полицаецот за „Инфомакс“.

Во моментов на територија на општина Тетово активни се седум станици за технички преглед (осмата е во завршна фаза), а во Гостивар има три, додаа полицаецот, објаснувајќи дека ова е навистина страшна состојба, за која власта молчи и затвара едно око.

„Се работи за комплетна злоупотреба на овластувањето добиено од страна на МВР, се поголем број на криминални дејствија, како на пример, не се поминуваат возилата на уредите за испитување, значи автоматски не се регистрирани во видео материјалот дека воопшто е направен контролен технички преглед, па потоа се изработуваат сите потребни документи на шалтерите од технички прегледи, за кој се договараат референтките лично со странките за која сума на кеш пари ќе ги сработат и потоа како податок не оди во деловодната книга и го бришат од компјутерскиот систем дека воопшто тоа возило поминало, што значи не останува никаква трага од возилото. Нормално референтот од МВР врз основа на лажно изработените документи врши заверка, бидејќи не знае за скриените документи и тука постапката завршува“ – објаснува сообраќаецот од Тетово за „Инфомакс“.

Тој додава дека началник на управни служби на СВР Тетово е извесен Артан, кој бил под комплетно влијание на Агим Нухиу, и под директна контрола на неговиот претпоставен, помошникот Ирфан, кој бил алфа и омега во управни-надзорни служби на МВР, јасно е каде се затвара кругот и тука е крај на приказната – вели сообраќаецот.

Продолжува…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This