МЕДВЕДЕВ ДО АМЕРИКАНСКИТЕ ДИПЛОМАТИ: „Да си ги прочитаат учебниците по меѓународно право“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот премиер Дмитриј Медведев им препорача на американските дипломати во Луксембург да си ги препрочитаат учебниците по меѓународното право, пренесуваат руските медиуми.

Претходно, амбасадата на САД во Луксембург, земјата во која рускиот премиер пристигна во посета, ги повика властите во земјата да завземат тврд став околу прашањето за руската анексија на Крим.

Според американската дипломатска мисија, „сега е идеалниот момент и место Луксембург да настојува решително Русија да ја промени политиката и да го напушти Крим, особено затоа што низ својата историја Луксембург бил двапати на местото на Крим – окупиран од поголема странска земја која инсистирала да се откаже од својот идентитет и да стане дел од поголема империја“.

„Сега светот ќе гледа да види дали властите во Луксембург ќе прифатат поразлична судбина за жителите на Крим од таа која самите ја одбрале, или ќе гледаат на страна. Луксембург има совршен момент во совршено место силно да побара од Русија промена на курсот и напуштање на Крим. На крај на денот, кој во Европа, па дури и низ светот има поголем кредибилитет да го подигне ова прашање?“, стои во објавата на американската дипломатска мисија во Луксембург.

На ваквиот повик одговори Медведев: „Тие луѓе треба да земат најобичен учебник по меѓународно јавно право и да започнат да ги изучуваат неговите основи вклучувајќи го и концептот за државен суверенитет, ако веќе се наоѓаат во дипломатска мисија во друга земја“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This