МЕДВЕДЕВ ЗА НАСТАНИТЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Сведоци сме на уште едно противуставно „избирање“ на претседател!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Русија, Димитриј Медведев, во врска со моменталната ситуација во Венецуела, изјави дека никој нема право незаконски да го отстрани од власт претседателот на државата кој неодамна победи на изборите, без разлика дали тој им се допаѓа или не на другите земји и на големите политички сили.

„Сведоци сме на уште едно противуставо „избирање“ на претседател“, смета рускиот премиер. „И овој противуставен избор многу бргу го поддржаа претседателите на голем број земји. Како по наредба.“ пишуваше на неговиот твитер.

Во средата во Каракас почнаа масовни протести против актуелниот претседателна Венецуела, Николас Мадура. Истиот ден претседателот на собранието Хуан Гваидо се прогласи за привремен претседател додека е на сила привремената влада. Соединетите Американски Држави како и низа други земји го признаваат изборот на Гваида и бараат од претседателот Мадуро, кого не признаваат како легитимен претседател,  да ги спречи насилствата против опозицијата. Мадуро се прогласи за уставен претседател а привремениот претседател  Гваидо го прогласи за марионета на Соединетите Американски Држави. Тој исто така ги прекина дипломатските односи со Вашингтон, и на американските дипломати им даде рок од 72 часа да ја напуштат земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This