МЕДИУМИТЕ ВО РЕГИОНОТ СО ОПАСНИ ПРЕДВИДУВАЊА: Целта е Македонија формално да се албанизира и подели!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медиумите во регионот будно ја следат политичката разврска во Македонија, имајќи во предвид дека влијанието од разрешницата на актуелната политичка состојба во државава, ќе има регионално влијание кое ќе ги дефинира понатамошните геополитички текови на Балканот. Српски „Блиц“ објави кратка анализа за ситуацијата во Македонија, под наслов „КОСОВСКО СЦЕНАРИО ВО МАКЕДОНИЈА: Паѓа ли Македонија во рацете на Албанците?“

blic

Рокот за формирање на новата Македонска влада истече на полноќ на 29-ти јануари, а мандатарот и екс-премиер Никола Груевски не успеа да се договори со предводниците на албанската коалиција, со партијата ДУИ и со нејзиниот лидер Али Ахмети. Пред Македонија сега се неколку опции, а речиси секоја од нив за формирање на влада ќе има потреба од дозвола од Албанците – пишува српски Блиц.

intervju_gruevski_g_12

Во изјава за „Блиц“, директорот на Центарот за регионализам Александар Попов смета дека Албанците најавија дека ќе поставуаат поголеми барања, но автономија би значел преголем ризик.

– Албанците и претходно најавија дека ќе бараат повеќе оттапки. Тие го држат контролниот пакет, поради што ќе гледаат да извлечат што повеќе можат, вклучително и ревизија на Охридскиот договор, кој не им даваше автономија, туку ја засили локалната самоуправа. Со тоа добија поголеми овластувања отколку било каде во регионот. Националната автономија не им е дадена на Албанците бидејќи тоа би било премногу опасно, а тоа всушност би значело и чекор до отцепување – рекол за српски „Блиц“ Александар Попов.

На прашањето дали сега Албанците ќе бараат автономија, Попов одговара:
– Ситуацијата во регионот е толку ровка, што го покажува и ќорсокакот во кој западнаа и преговорите во Брисел. Факт е дека уценувачкиот капацитет постои кај Албанците, а дали ќе бараат автономија на западот на Македонија, тоа не знам. Тоа што го знам е дека на неколку пати имаше искрења кои ја доведоа земјата на работ на граѓанска војна, како што гледавме на почетокот на минатата деценија, но и во Куманово. Во Македонија ѓаволот и тоа како може да ја однесе шегата – заклучува Попов.

aleksandar-popov

Воведувањето на албанскиот како официјален јазик, дебата за промена на химната, знамето и грбот, како и името на државата укажува на целта Македонија и официјално да се албанизира – пишува „Блиц“.

Бидејќи, на Албанците до сега им се исполнети речиси сите барања. Охридскиот рамковен договор практично ја федерализираше Маекдонија. Меѓутоа, кога се очекуваше притисоците да престанат, тие се засилени, па во 2005.година на Албанците им е дозволено да го истакнуваат Албанското знаме во областите каде што имаат мнозинство.

g_albanija

Не треба да се заборават и судирите во Куманово во мај 2015-та, кога вооружени албански ектремисти се судрија со Македонската полиција, и „бараа своја држава“. Тој судир е само последица на повеќедецениските напори на косовските и македонски Албанци на територијата на Балканот на кој живее албанско население да се обединат во една држава.

UCK

Не треба да се заборави ниту дека тој притисок некогаш престанал, туку продолжи и е вообличен во јавните настапи на разни албански политичари кои отворено се залагаат делови од Македонската територија со албанско население да се спои со Косово, за подоцна сите заедно да станат Голема Албанија – пишува Блиц.

Во Албанија и ширум Косово се печатат учебници по географија за 4-то одделение основно училиште на чии корици е мапата на Албанија со „албанските подрачја“ во Црна Гора, Србија, Македонија и Грција, како и Косово.

Во Македонија, големоалбанските апетити одново ги отвори СДСМ на чело со Зоран Заев и меѓународната заедница вообличена во дипломатите на САД и ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This