МЕДИУМИТЕ ОБЈАВИЈА НЕВИСТИНИ: Во обвинението не пишува дека мојот телохранител нарачал инцидент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да имаше „Д“ од доказ против мене, јас одамна немаше да бидам тука. Што не значи дека тие што ги уапсија се виновни. Апсолутно и тие не се виновни, но го понесоа товарот за овој случај, изјави поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарсо прашање по завршувањето на првото рочиште за предметот на СЈО „Титаник“.

Груевски рече дека разговарал со неговиот телохранител, кој му рекол дека дента на 27 април 2017 разговарал само со неговата сопруга и со неговиот брат за семејни работи и немало ништо повеќе од тоа.

Според Груевски, објавувањето на информациите со детали од обвинението за настаните од 27 април не само што е наменско, туку е и направено за да се објавуваат во фази.

– Ги повикувам ако имаат било каков доказ против мене, веднаш и без двоумење да го објават, рече Груевски, додавајќи дека членот на неговото обезбедување е брат на Александар Василевски Нинџа, кој е обвинет за настаните во собранието од 27 април минатата година.

Според Груевски овие наводи што се изнесени во јавноста за 27 април и случаите што се водат против него во СЈО, се за дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми, како што е она со името и грешките што го прави власта.

– Деградирањето и омаловажувањето е патолошка опсесија на оваа власт за дефокусирање на јавноста од реалните грешки на Владата и за редефинирање на многу работи кои претходно беа најавени од СДСМ, додаде тој.

На прашањето кој ги нарачува овие случаи, Груевски одговори дека „тоа е од тој што има интерес да не се зборува за неговите грешки, да не се зборува за неговите чекори што ги прави, за неговите ветувања што ги дал и сега треба да се исполнат, туку да се зборува за сето ова“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This