April 19, 2024, 12:04 pm

МЕДИУМИ, ПОЛИТИЧАРИ И ИНСТИТУЦИИ ВЕЌЕ НЕ ОСЛОВУВААТ КАКО СЕВЕРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на народот и во одбрана на Уставот, интересите на државата и на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обврските преземени со Договорот се косат со Македонскиот устав, се косат со македонската наука, со македонската историја, се косат со македонската идентитетска посебност, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој посочи дека реализацијата на договорот значи сечење на корените на цела нација.

-Бришењето на Македонија и придавките кои произлегуваат од Македонија од Уставот, се неприфатливи за Македонците кои не се сложуваат доброволно да бидат избришани и претворени во нова вештачка креатура, нација без корен и посебност. ВМРО-ДПМНЕ како предводник на опозицијата не се согласува со ваков штетен договор и ќе се спротивстави на неговата реализација. Македонските евро и евроатлански интеграции не треба и не смее да бидат поврзувани со договор кој предвидува бришење на македонската држава и народ, нагласи Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека имајќи ја предвид улогата на меѓународната заедница во која Република Македонија има свое место, како партија ценат дека ваквите постапки креираат лажна слика за вредностите кон кои цели и Република Македонија.

-Дотолку повеќе што вакво однесување е во корист на противниците на македонските интеграции, што не е добро за стратешките интереси на Република Македонија. Последиците на штетниот договор Македонците веќе ги чувствуваат, иако истиот се уште не стапил на сила. Медиуми, политичари и институции веќе почнуваат да ја ословуваат Република Македонија како Северна Македонија, а граѓаните кои се родиле, живееле и создавале како Македонци, да ги ословуваат како северномакедонци. Веруваме дека решението на проблемот кој што Грција го имаше со нашето име може и мора да биде поправично, а не на штета на македонските национални интереси. Доколку Зоран Коте Заев го искористеше меѓународниот интерес за решавање на проблемот и преговараше мудро без однапред најавена капитулација, тогаш ќе можеше да се најде и поприфатливо подостоинствено решение, нагласува Стоилковски.

Тој додава дека договорот нема поддршката во јавноста.

-Договорот ги крши и Уставот и законите во државата на кој се однесува. ВМРО-ДПМНЕ нема да се поколеба ниту милиметар во своите ставови во однос на овој срамен и капитулантски Договорот за името кој за нас е неприфатлив. ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на народот и во одбрана на Уставот, интересите на државата и на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија. Зоран Заев ќе понесе одговорност за антидржавните политики, а Македонија ќе победи, посочи партискиот портпарол на денешната прес-конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This