Мексиканскиот претседател предложил латиноамерикански сојуз како Европската Унија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Латиноамериканските и карипските држави би требало да тежнеат кон сојуз сличен на Европската унија, рекол денеска мексиканскиот претседател предложувајќи нова насока за тие држави да се оддалечат од Организацијата на американски држави (OAC), во која голема улога игра Вашингтон.

Домаќинот на средбата, левиот мексикански претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, пред речиси 20 претседатели и премиери на самитот на Заедницата на латиноамерикански и карипски држави (CELAC) рекол дека тој сојуз ќе им помогне на нееднакво погодените економии во регионот како и во борбата против здравствените и другите кризи.

“Во овие времиња CELAC може да стане главен инструмент за консолидација на односите меѓу латиноамериканските и карипските држави”, рекол тој на отворањето на самитот во мексиканската престолнина.

“CELAC” постои десет години и за разлика од “OAC”, негува добри односи со Куба, Венецуела и Никарагва, предводени од левицата, а еден од најголемите поборници на тој сојуз покојниот претседател на Венецуела Хуго Чавез, пишува “Bloomberg”.

За разлика од “OAC”, која има седиште во Вашингтон, членка на “CELAC” не се Соединетите Американски Држави и Канада, но не е ни Бразил, каде на власт е крајниот десен претседател Жаир Болсонаро, кој се повлекол минатата година.

“OAC” претходно од своите редови ги исфрлила Куба и Венецуела.

“Потребно е на американскиот континент да изградиме нешто слично на економска заедница која ќе биде слична на ЕУ”, рекол Обрадор во саботата, нагласувајќи ја потребата од почитување на суверенитетот на државите во регионот.

Тоа ќе биде вистински автономна организација која нема да служи на никого, туку ќе биде посредник, најавил минатиот месец мексиканскиот претседател.

Состанокот во Мексико Сити го ставил акцентот на левичарските лидери во регионот, вклучувајќи го новиот претседател на Перу, Педро Кастиљо, кубанскиот Мигуел Диаз-Канел и Венецуелскиот Николас Мадуро.

Уругвајскиот претседател Луис Лакале, сметан за политичар од десниот центар, нагласил дека неговото учество на собирот не значи дека тој поддржува некои од авторитарните режими во регионот.

“Загрижени сме и следиме што се случува на Куба, во Никарагва и Венецуела”, рекол Лакале, нарекувајќи го делувањето на тие влади репресивно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This