МЕКСИКО СО ДИПЛОМАТСКА ШЛАКАНИЦА КОН ТРАМП: Не го поддржуваме Мадуро, но не заземаме страна, нека водат дијалог

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Мексико денеска соопшти дека не го брани претседателот на Венецуела, Николас Мадуро откако САД и некои држави од Европа и од Јужна Америка го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за легитимен привремен претседател на Венецуела.

– Ние не го браниме Мадуро и неговиот peжим и не заземаме која било страна, секој има право на свој став, ние сакаме работите да се решаваат преку дијалог, изјави шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард.

Мексико претходно го критикуваше peжимот на Мадуро, но односите се подобрија откако на власт дојде левичарскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Мексико, заедно со Гвајана и Света Луција не ја потпишаа заедничката декларација од состанокот во Отава на Групата Лима, со која се апелира за промена на власта без употреба на сила и итно да се достави хуманитарна помош во Венецуела.

Во документот се наведува дека владите на Аргентина, Бразил, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Гватемала, Хондурас, Панама, Парагвај и на Перу „го повторуваат своето признавање и поддршка за Хуан Гуаидо“ како привремен претседател на Венецуела.

Групата Лима апелира до светската заедница „да преземе мерки за да го спречи режимот на Мадуро да извршува финансиски и трговски трансакции во странство, како и да нема пристап до меѓународниот имот на Венецуела и до тргувањето со нафта, злато и други средства“.

Мексико заедно со Уругвај не го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела и најавија состанок на 7 февруари во Монтевидео, на кој се поканети претставници на меѓународнии организации кои имаат неутрален став за кризата во Венецуела.

Според Уругвај и Мексико нивната иницијатива е одговор на апелот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за дијалог и преку преговори да се реши политичката kpиза во Венецуела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This