April 19, 2024, 12:08 pm

Мене Груевски не ми е братучед ама… – Ременски за „Плацеви на Водно“: Зошто лицето кое е основач на фирмата која купувала плацеви не e oбвинeтo?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокат Петар Василев денес ја прашал обвинителката Лиле Стефанова зошто посочено лице како основач на правното лице (фирмата) кое купувало плацеви не е обвинето. Прашање на место❗

Овој заклучок за прашањето го вадам од правната логика која треба да важи и важела во скоро сите кривичните истраги пред години кои се однесувале на одговорноста на правните лица и дејствијата што тие ги преземаат. Овој принцип во ниту еден случај не треба да зависат од желбата/можноста на обвинителот по сопствена или желба на некој друг, да додава или иззема лица во обвинение.

🚩Токму ваков правен аргумент и факт изнесувам во фатаморгана случајот Меѓународен сојуз во кој Вилма Русковска одлучи да ме инволвира преку ПРАВНИОТ АПСУРД во кој:

1️⃣ Основачи на обвинетото правно лице запишани во Централниот регистер на РСМ кое склучувало облигациони договори не се обвинети❗

2️⃣ Потписници на облигационите договори во име на правното лице не се обвинети, туку се сведоци❗

✅🚩ЈАС НЕ СУМ НИТУ ОСНОВАЧ, НИТУ ПОТПИСНИК НА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ДОГОВОРИ❗

Но, жената која на своја сметка примила 750.000 евра, си ги подигнала од банка и по 1 година и 4 месеци без пријава и истрага за кражба во МВР вели дека “била ограбена”, уживала огромна доверба во ОЈО-то на Вилма Русковска. Па така, иако истото ОЈО и надлежен обвинител Наум Пановски го работела и истражувала случајот, фирмите, жената и основот на исплата на парите што си ги добила на сметка, се нашло некому згодно дека, може повторно да отвори затворен случај.

Која е новата околност❓

Изгледа тоа што ОД ИЗВЕДЕНИТЕ ДОКАЗИ јасно се гледа немало кражба, измама и перење пари, зошто ако имало, тогаш жената не може да биде сведок, а ЈО Пановски би одговарал за злоупотееба на обвинителската функција.

🚩Ова не се нови околности за истрага, туку факти плус кон обвинителскиот апсурд ❗

Мене Груевски не ми е братучед и не сум му кума или основач на фирма кој му купувала плацеви. Ниту пак, Мијалков или Камчев ми се другари или познаници. Ниту бранам некого од нив, ниту обвинувам. За тоа што имам докази зборувам јавно и без задршка❗

Но, факт е дека овој адвокат денес поставил вистинско прашање и побарај одговорот што ОЈО треба да го даде на Судот, пишува екс пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски која направи компарација помеѓу случајот „Меѓународен сојуз“ и случајот „Плацеви на Водно“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This