МЕНУВААТ ИМЕ ЗА ДА КРАДАТ!: Александар Николоски за криминалите на власта додека трае процесот на насилна промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неколку точки ги истакна криминалите кои беа обелоденети во јавноста во изминатите неколку месеци додека трае операцијата за насилно менување на името.

Менуваат име за да крадат!

Изминативе две недели додека јавноста се занимаваа со промената на името на Македонија и обезличувањето на Македонците, се занимава со тоа дали ќе има и каков ќе е референдумот, како ќе гласи евентуалното референдумско прашање, дали и колку лидерски средби имало, значи во истиов овој период владата на СДСМ и ДУИ безмилосно краде од Буџетот! Една кратка листа на овие кражби:
– Тендер за лабаратории вреден 35 милиони евра со еден понудувач кој ја формирал фирмата само неколку дена пред да почне тендерската постапка
– Кочо Анѓушев Потретседател на Влада кој треба да ја оправа Македонската економија си додели сам на себе 160 000 евра
– Хари Локвенец пратеник од СДСМ си доби 10 милиони денари
– советничка на Заев стопира наплата на фирма ( сеуште има протести пред Влада за тоа) затоа што најверојатно не добила мито
– МЕПСО ќе потроши 350 000 евра за столици од кои не боли грбот и кујни во кои веројатно храната сама се готви, зашто обичен свет за кујна троши 500-600 евра
– во Тетово ќе се гради театар од ни помалку ни повеќе туку 40 милиони евра
– и за шлаг на тортата ќе си купат нови коли вредни 1 700 000 евра

Во меѓувреме ќе замајуваат со името и референдумот. Вистината е дека дојдоа на власт за да карадат! И затоа ден поскоро мора да заминат и за се ова да одговараат! Правдата ќе ги стигне!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This