МЕРИ НИКОЛOВА ШOKИPAHA ОД ПИШУВАЊАТА НА ИНФОМАКС: Дали Заев лaжeшe за „Peкет“ ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Активистката на СДСМ и една од гласноговорниците на Шарената револуција од иницијативата „Удар“ , како и голем подржувач на Зоран Заев пред да дојде на власт, сега со низа обвинувања и прашања пишува на социјалните мрежи во врска со актуелните случувања.

Во врска со случајот Рекет и со изјавата на новинарот од Инфомакс дека Заев лажеше дека не се познава и со него и Боки 13, по него испаднало дека не само што Заев ги познавал туку и се среќавал со нив по исказите на сведоците, Николова Буџаку напиша дека и по стоти пат да го прочитала текстот на новинарот би си го поставила истото прашање, дали е можно и не дај Боже да е така, ќе била скроз разочарана од Заев.

-И по 100-ти пат да го прочитам, би си поставила исто прашање. Дали е можно? Недај Бог да е така! Скроз ќе ме разочара човекот.

“Но највеќе лажеше Зоран Заев. Неколкупати тврдеше дека не се познавал со Кичеец. Потоа испадна дека често се гледале со човекот во неговиот кабинет, наводно за да дискутираат за инвестиција во рудници. Потоа лажеше дека не се познавал со Бојан Јовановски, испадна дека не само што се познавале, Заев бил и кај него дома во Орман – барем според исказите на сведоците.

Зоран Заев се уште лаже дека тој не ги предупредил рекетарите дека е започната истрага против нив по пријава на Орце Камчев. Дотолку повеќе, Зоран Заев лажеше дека тој го пријавил случајот, за што нема ниту една службена белешка во обвинителство.

Зоран Заев се уште не ми одговори зошто на 25.04.2019 биле исклучени камерите во Владата. Со кого се сретнал?

Но еве и уште едно прашање за премиерот, знае ли шефот на владата дека целиот случај не го снимале само жртвите на „Рекет“? Знае ли дека снимале и две странски служби? “, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

И по 100-ти пат да го прочитам, би си поставила исто прашање. Дали е можно? Недај Бог да е така! Скроз ќе ме разочара…

Posted by Мери Николова Буџаку on Friday, October 11, 2019

Николова Буџаку секојдневно пишува на својот профил на фејсбук, колку е разочарана дека за џабе била маката и борбата кога „иста стока да донесеме на власт“ како дел од иницијативата УДАР.

Таа вели дека порано се протестираше за правда веројатно попусто, затоа што сега се натпреваруваат кој повеќе „ќе лапа“ , дека правдата чека а улиците се празни, дали остана некој од „ШАРЕНИТЕ“ прашува таа и вели дека паролата “НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР” , треба да се замени со “НЕМА ПРАВДА ИМА МИР”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This